Екипата на Ница со два гола од пенал во завршните десет минути го победи Анжи со 2:1 во воведниот натпревар од 21. коло на фудбалскиот шампионат на Франција.
На средбата одиграна синоќа во Ница, екипата на Анжи со погодокот на Пиерик Капен постигнат во 24 минута имаше предност од 1:0 се до завршните десет минути. Домашниот тим со погодоците од белата точка на Бен Афра во 80-тата и четири минути подоцна успеа да направи комплетен резултатски пресврт и да ги освои трите бода.
За утре закажани се натпреварите: Тулуз – Париз Сен Жермен, Tроа – Рен, Бастија – Монпеље, Бордо – Лил, Гингамп – Нант и Ајачо – Ремс.
Последните три средби од ова коло ќе се играат во недела, а во нив се среќаваат: Лориен – Монако, Кан – Олимпик Марсеј и Сент Етијен – Олимпик Лион .
Табела: ПСЖ 54 бодови, Анжи 34, Ница 33, Монако 33, Кан 30, Олимпоик Лион 29, Сент Етијен 29…