Во воведниот натпревар од 21.коло на фудбалскиот шампионат на Франција, вечерва од 20 часот и 30 минути ќе играат Ница и Анжи.
Ова е дуел на две од четирите водечки екипи во Лига 1. Домаќините екипата на Ница се на четвртото место на табелата со 30 бодови, само четири помалку од вечерашниот противник Анжи кој е на втората позиција.
За утре закажани се натпреварите: Тулуз – Париз Сен Жермен, Tроа – Рен, Бастија – Монпеље, Бордо – Лил, Гингамп – Нант и Ајачо – Ремс.
Последните три средби од ова коло ќе се играат во недела, а во нив се среќаваат: Лориен – Монако, Кан – Олимпик Марсеј и Сент Етијен – Олимпик Лион .
Табела: ПСЖ 54 бодови, Анжи 34, Монако 33,Ница 30, Кан 30, Олимпоик Лион 29, Сент Етијен 29…