ВМРО-ДПМНЕ: Да беше СДСМ на власт, Македонија ќе банкротираше

Од:

Да беше СДСМ на власт во овој период од четири и пол години денес Македонија ќе беше во ситуација на банкрот и ќе имаше некаква тројка што ќе ја спасува, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ на пресот на СДСМ.

„Пензиите, субвенциите, социјалната помош, и платите ќе се намалуваа наместо да растат. На Македонија добро и е познато економското владеење на СДСМ. Kога се во опозиција само критикуваат и даваат популистички предлози, кога се на власт економијата тоне, а корупцијата владее. Од друга страна, нејасно е како СДСМ прогласува своја победа кога Владата во време на глобална рецесија успева да проектира економски раст од плус 2%.

– Каде СДСМ тука ја виде својата победа?Буџетот за 2013 година предвидува рекордни 388 милиони евра за капитални инвестиции, средства кои се наменети за проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеење на граѓаните во Република Македонија, преку проекти во здравството, во образованието, во инфраструктурата, во енергетиката, во земјоделието, проекти кои ќе ја поттикнат економската активност“, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ