Комисијата за електронски медиуми на Индонезија денеска објави дека ќе има законски санкции против три телевизиски и една радио станица, кои вчера емитирале „лажни и неприлагодени информации“ поврзани со терористичкиот напад во Џакарта.
Четирите медиуми се од категоријата на програми на кои најчесто се емитуваат вести, а меѓу нив две телевизиски редакции емитуваат вести и на англиски јазик.
Во првата реакција на обвинетите медиуми се истакнува дека снимките од центарот на Џакарта биле пренесувани во живо и дека определбите за „етичка цензура’’ на прилозите не можеле да се спроведат, ниту преносите во живо да не ги прикажат сцените и последиците од вчерашниот терористички напад.