Дејселблум: Наскоро е можен крај на кредитниот надзор над Кипар

Од:

Кипар е на добар пат наскоро да излезе од надзорот на меѓународните кредитори, изјави синоќа првиот човек на Еврогрупата, Јерун Дејселблум.

Како што јави грчкиот информативен сајт Ин,њуз, Дејселблум на вчерашната средба на Еврогрупата во Брисел изнесе пофални зборови за реформите што ги спроведе Кипар, што ја доведоа земјата во финална фаза од реалзиација на кредитната програма.

– Владата во Никозија ги спроведе сите реформи што беа побарани од неа, потенцира Дејселблум.

Тој нагласи дека програмата за помош на Кипар истекува на крајот на март, додавајќи дека на сворто следно заседнаие, Еврогрупата ќе донесе одлука за модалитетите за завршување на кредитниот надзор над земјата.

Кипарскиот министер за финансии Харис Георгијадис од своја страна изјави дека пред Кипар останува да спроведе само уште едно барање на кредиторирте – приватизацијата на државната телекомуникациска компанија СИТА.

Кон крајот на минатата година Кипар доби позитивна оценка од кредиторите во врска со спроведувањето на реформите, чија реализиација беше услов за целосна исплата на помошта од 10 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ