Сочувана гробница, стара 4.500 години е откриена во близина на Каиро, во комплексот Абу Сир. Археолозите тврдат дека во неа е погребана принцезата Шерт Небти и порачуваат дека откако ќе заврши истражувањето ќе биде отворена за јавноста.
Мохамес Ел-Биали, од египетското Министерство за антиквитети, рече дека гробницата на принцезата е опкружена со четири гробови од периодот на Петтата династија, која владеела околу 2.500 години пред новата ера.