Издадени 1.964 потврди за намера за барање азил

Од:

Во последните 24 часа издадени се потврди на вкупно 1.964 странски државјани за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од нив 847 се од машки пол, 436 се од женски,  676 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и пет деца кои патуваат без родител, информираат од МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-983,  Авганистан–679 и Ирак-299.

Од 1 до 11 јануари 2016 година издадени се потврди на вкупно 20.677 странски државјани, од кои 8.686 се од машки пол, 4.394 се од женски, 7.517 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 80 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-8.887, Авганистан-7.669 и Ирак-4.117.

Во изминатите 24 часа до Секторот за азил не се поднесени  барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од 1 до 11 јануари 2016 година до Секторот  за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ