Хан и дефинитивно во петок доаѓа во Скопје

Од:

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и дефинитивно ќе ја посети Република Македонија во петок (15-ти јануари), јави дописникот на МИА од Брисел.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска за МИА го потврди доаѓањето на Хан во Скопје во петок, каде како што претходно таа соопшти, тој ќе разговара со сите засегнати страни околу спроведувањето на политичкиот договор од 2 јуни/15 јули што стави крај на политичката криза во земјата.

– Комесарот на Европската унија Јоханес Хан ќе го посети Скопје на 15-ти јануари, изјави портпаролката Коцијанчич.

Како што е познато, уште пред Нова година, еврокомесарот Хан испрати писмо до четирите најголеми политички партии во Македонија (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА) дека планира на почетокот на овој месец да ја посети македонската држава, со цел да направи увид во спроведувањето на договорот од Пржино, чија крајна цел ќе биде одржување на предвремени парламентарни избори на 24 април.

Доаѓањето на Хан во петок во Македонија, пак, се очекува да се поклопи со изборот на техничка Влада со нов привремен премиер, чија единствена задача ќе биде спроведување на изборите на 24 април оваа година.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството