Армијата на Индонезија, со поставување на голем број нови караули на копнената граница, со повеќе војници и подобрена инфраструктура, ја зајакнува контролата на безбедноста.
Соопштувајќи го ова, портпаролот на индонежанската армија, генерал Сабрар Фадилах навести дека зајакнувањето на безбедноста значи и полесно оддржување на мирот и безбедноста во државата, соочена со закани за немири на радикални групи во оваа 256-милионска држава.
Засилување со воен персонал и осовременување на опремата во караулите ќе има во граничните појаси кон северните соседи на Индонезија, особено на островите Суматра и Калимантан. Со мобилни единици границата ќе ја обезбедуваат бројни патроли на помалите погранични острови на исток на Архипелагот, а најавено е и значјано засилување во областа на Папуа.
Во трите рода на армијата на Индонезија има околу половина милион активни војници и службеници. Три пати побројни се лицата од првата линија на резервниот состав, кои доста често се ангажираат да и помагаат на полицијата во ситуации кои се проценети како потенцијално ризични за мирот во државата.