Антируски протести во Џакарта

Од:

Група од неколку стотици демонстранти се собраа денеска пред амбасада на Русија во Џакарта, за да протестираат поради руските воздушни операции против џихадистичката група Исламската држава (ИД).

Демонстрантите ја искористиле посетата на Џакарта на рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров, кој за економската соработка на двете држави разговараше со претседателот на Индонезија Јоко Видодо.

Протестите пред руската амбасада не се добро примени од страна на јавноста во претежно муслиманската 256-милионска Индонезија. Медиумите денеска, најчесто, овој настан го покриваат со фотографии, без многу текст.

Во неколкуте коментари се наведува дека муслиманите во Индонезија не смеат да подлегнат на се поагресивната кампања на идеите на ИД, во чии редови до сега се регистрирани над 1.000 Индонезијаци, од кои половината се вратиле дома и се сметаат како опасност за стабилноста на државата.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници