Во антивладините протести во Етиопија убиени 140 демонстранти

Од:

Во текот на изминатите два месеца во антивладините протести во Етиопија против плановите на власта да ја прошири престолнината Адис Абеба на околното земјоделско земјиште убиени се најмалку 140 лица, соопшти денеска хуманитарната организација „Хјуман Рајтс Воч“ (ХРВ).

-Безбедносните сили убиле најмалку 140 демонстранти и повредиле многу поголем број, ни наведуваат локални активиста, што може да биде најголема криза во Етиопија од постизборното насилство во 2005. година, изјави Феликс Хорн од ХРВ, а пренесоа француските медиуми.

Бројот на погинати што го објави оваа организација за човекови права е речиси двојно поголем во однос на бројот од изиминатиот месец, од 75.

Владата на Етиопија засега не ги коментарира најновите податоци за бројот на жртвите, а самата претходно објави дека во протестите погинале пет лица.

Демонстрациите почнаа во ноември кога студентите се спротивставија на плановите на Владата да преземе територија на неколку градови во регионот Ороми, што ги поттикна стравувањата дека Адис Абеба се обидува да ја грабне земјата што традиционално ја населува народот Оромо, најголемата етничка група во Етиопија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска

ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија

Ана Ололовска

УНИЦЕФ го осуди етиопскиот воздушен напад врз градинка во бунтовничкиот Тиграј

Пилоти заспале на висина од 11.000 метри, контролата не можела да ги контактира

А1он