Во големото дерби на италијанскиот фудбал помеѓу Јувентус и Интер играно во Торино на Јувентус Арената, гостите од Милано му го нанесоа првиот пораз на актуелниот шампион со 3:1 во последните 49 натпревари во Серија А.
Се почна за Јувентус како во бајка, во 18 секунда од натпреварот Видал ја донесе Старата дама во водство.
Имаше Јувентус многу повеќе од играта и многу изгледни шанси во првиот дел, но Маркизио во два наврати и Џовинко не успеаја да го совладаат Хандановиќ.
Во вториот дел најпрво Милито изедначи од пенал во 59. минута, а во 75. минута повторно Милито одбиената топка ја смети зад грбот на Буфон.