Патологија на омраза

Од:

Не ми е јасно, како некој може сѐ уште да го поддржува искомпромитираниот Груевски на едноцифрен број денови од неговиот мандат и без можност тој повторно да биде активен политичар? Не е тоа повеќе партиска лојалност, туку е патологија на омраза. Не се поддржува толку Грујо, колку што патолошки се мрази Заев. А зошто се мрази – затоа што им ја скршил сликата за идеално чесниот лик на Груевски. Повеќе би сакале да живеаат во лажна илузија на убаво, отколку реално да се види грдото лице на власта, односно, не постои толку голем криминал кој би го направил Груевски, а кој овие негови следбеници не би му го простиле. Само да не се зборува јавно за тоа. Рационализацијата им е: штом за нешто не се зборува, тоа е исто како и да не се случило. МВР не го спомена во својот билтен убиството на Мартин Нешковски – за МВР убиство немаше.

Сега, Груевски (лоповот), како лик и не им е толку важен, побитен им е Заев (гласникот), а утеха се наоѓа во самозалажувањето дека ќе одел Грујо во затвор, ама ќе одел и Заев. Аргументацијата им е: Грујо, бидејќи странците го мразеле, а Заев бидејкќи бил криминалец!? Ете таков е денес политичкиот рацио и логицирање на просечниот поддржувач на ДПМНЕ, кој ќе треба да излезе на скорите избори и да ја одреди судбината на државата.

Таквото сознание за нашата политичка реалност, ме потсетува на зборовите на Аристотел: “Кога ќе сватам дека гласовите на оние двајца овчари (може и козари-моја заб.), вредат исто колку и мојот глас и гласот на Платон, јас во демократија не верувам!”

Д-р Ненад Живановски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска