На турскиот брег пронајдени тела на 34 мигранти, меѓу кои и три деца

Од:

Турските власти соопштија дека денеска пронашле тела на 34 мигранти, од кои најмалку три деца, на две локации на брегот на Егејското Море, додека се обидувале да пристигнат до грчкиот остров Лезбос.

Мигрантите се удавиле откако се превртеле нивните пловни садови во немирното море, а засега не се знае ниту за колку бродови станува збор, ниту колку луѓе се наоѓале на нив.

Турската крајбрежна стража истакна дека 24 тела се пронајдени на брегот во областа Ајвалик, додека 10 тела се откриени на подрачјето Дикили.

Спасени се 12 луѓе од морето и карпите во Ајвалик, а три бродови и хеликоптер се во потрага по преживеани.

Би можело да ве интересира

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија