Специјалниот известувач на ОН за човекови права на палестинските територии поднесе оставка

Од:

Специјалниот известувач на Обединетите нации за ситуацијата со човековите права во окупираните палестински територии Макарим Вибисоно поднесе оставка, бидејќи Израел не му дозволил пристап на тие територии, соопшти Советот на ОН за човекови права.

Вибисоно изрази длабоко жалење поради тоа што за време на негоивот мандат Израел не му овозможил пристап до окупираните палестински територии.

Индонезискиот допломат беше назначен во 2014 година со мандат од Советот за човекови права за специјален известувач на ОН за ситуацијата со човековите права на тие територии.

Тој изјави дека повеќе пати се обраќал кон Израел со барање за пристап до тие територии, но барањата не вродиле со плод.

Би можело да ве интересира

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Голем ракетен напад врз Тел Авив: Хамас објави дека е одмазда за убиството на цивили

Предраг Петровиќ

Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас

Горан Наумовски

Палестина повторно испрати барање до Советот за безбедност за прием во ОН

Песков: Русија ја признава државата Палестина