(ВИДЕО) Цаноски до Груевски: Каде ќе ти оди душата?

Од:

Фијат Цаноски преку социјалните мрежи му се обрати на премиерот Никола Груевски. Цаноски порачува: 5 години, без прекин се руши Фијат Цаноски од страна на еден човек, кој за жал е премиер. Ова зло, никогаш да не се повтори.

Еве што напиша Цаноски:

Му се исполни желбата на Груевски, еве како изгледа КОСМОС после 5 години, околу 50.000м3 рециклиран бетон на 30.000м2 земја… Само едно ќе го прашам и него и тој малиот министер Миленце, од каде меревте, од кој булевар или улица дека било повисоко за 1.43см?

fijat

И тогаш и сега, тука нема ниту булевар, ниту улица… Зошто не сакавте да го видите вештачењето од Градежен факултет каде што ви објаснуваат како се мери кота нула и каде ви напоменувааат дека објаектот не отстапува ниту милиметар од дозволата за градба??? И зошто вашиот градоначалник не ми ја дал дозволата за градба.

Зошто вашите градоначалници веднаш после рушењето ми ги наплатија сите комуналии од 5.200.000 евра и плус камати од 2.000.000 евра кога немаа намера да ги изведат и булеварот и споредните улици? До ден денес немаат преземено никакви активности, иако во договорот стои дека се обврзани да ги изведат во рок од 5 години, а тој рок помина???

Зошто вашата УЈП ми наплати 900.000 евра за ДДВ на рушење кога и тоа не е по Устав и закон да се плаќа ДДВ на нешто што не постои?

Зошто вршевте притисоци до банките да се распродаде целокупниот мој имот, во вредност од преку 50.000.000 евра, а ваши послушници го проценија за само 9.000.000 евра или пак имавте некој купец од Белизе па сакавте да го земете за БАГАТЕЛА???

Ве прашувам кој ќе ги плати штетите од рушењето на Космос кои се проценети на околу 68.000.000 евра, дали вие лично или заедно со Миле Јанакиевски, или ќе оставите да го платат граѓаните на сиромашна Македонија?

Имам многу други прашања до тебе и Миле, но се надевам ќе имам можност да ве прашам во една судска постапка, кога ќе почне конечно да функционира ова наше политизирано судство,

Вистината е како шило, врти врти и ќе си излезе на виделина, некој ќе мора да одговара за тоа што сте направиле на мене и мојата фамилија, а и на цела Македонија.

Ако некому сеуште не му е јасно дека ова рушење на бизниси и човечки судбини немаше никаква причина освен една, лична и единствена желба на еден нездрав ум кој нажалост станал премиер на државава.

Јас сум немал и немам ништо против ВМРО како партија. Но лидер на една таква партија и лидер на една држава да посакува вакво зло некому од кого практично ниту можел да биде загрозен политички ниту пак можел да биде загрозен лично е тоа е многу загрижувачки.

Јас сум бил во коалиција со нив но ако приметите во вториот сет на бомби додека сум бил во коалиција , година дена пред да го рушат Космос и 9 месеци пред да го уапсат Велија, истиот овој човек се иззживувал со мене. Се исмејувал и правел сценарија како да ме сруши. Така да сите оние кои мислат дека поради напуштањето на таа коалиција и одење во опозицијата е причината тоа не е точно. Овој човек е злобен и плановите си биле многу одамна за ова сценарио пристуни.

Јас ги поздравувам сите мои колеги со кои сум соработувал и од Вмро и од СДСМ и од ДУИ со кои сум коалицирал додека бев политички активен и скоро сите знаат дека јас сум еден од ретките кој се што има створено , буквално се е во оваа држава.
Дека чесно, поштено и транспарентно сум ги почитувал уставот и законските нормативи во се што сум правел и правам.

Иако во оваа наша држава се некако брзо се заборава и поминува сепак народот треба да ги отвори очите а посебно оние кој овој човек ги претставува. За мене од тој момент кога се одлучи да урива се што со пот и голем труд сум стварал овој човек не е повеќе премиер ниту пак способен да биде мој премиер. Не може ваков човек да претставува држава. Човек кој што срушил 500 работни места и уживал во тоа. Човек кој што упорно 5 години покушава да ми ги сруши сите мои бизниси од кои голем дел се општествено важни и одговорни институции направени во корист на целото наше општество. НЕЧовек кој става во затвор невини жени и еден куп фамилии. Јас искрено не знам каде ќе му оди душата.

Јас на сите граѓани им посакувам Среќна нова година и среќни божиќни празници. Да донесат среќа и бериќет кај сите кои живееме на оваа наша мала територија. Но не можеме само да бараме среќа ако пред нас имаме големо зло и голема несреќа која е фатена жива и наместо да се извини , да се повлече , тој упорно , со сите сили оди со главата во зид и очигледно е спремен да створи уште поголем зулум само за да си ги покрие своите зла направени врз својот народ и врз својата држава.

Јас искрено верувам дека оваа личност од оваа 2016 ќе ја снема од политичката сцена а народот ќе го казни поради се направено .

Нему и на таквите не им е местото во политиката. За него и таквите има посебни институции.

Во бомбите, за кои Заев вели дека е разговор на премиерот Никола Груевски со Миле Јанакиевски, Груевски се потсмева и го наложува уривањето на Космос.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Цаноски: Судијата Ристов има намера да го застари предметот ТНТ и да не добијам отштета од 11 милиони евра

Предраг Петровиќ