Сончево и студено

Од:

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 14 до минус пет, а дневната од два до осум степени.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе се искачи до четири степени.

Во недела времето ќе биде  променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет. Во поголемиот дел од земјава се очекуваат обилни врнежи од снег и формирање на снежна покривка, особено во западните делови. Кон крајот на денот врнежите ќе преминуваат во дожд, а интензитетот ќе се намалува.

Повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет ќе има и во наредните денови, а на планините врнежите ќе бидат од снег.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска