Девојче првото новороденче во Битола

Од:

Првото новородено бебе во 2016 година во Битола е девојче. Како што соопштија од битолската Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“, бебето е родено веднаш по полноќ, во првиот ден од новата 2016 година. Родителите на девојчто се од Крушево.

Мајката и новороденчето, според востановената традиција, денеска напладне ги посети градоначалникот на општина Битола Владимир Талески кој им врачи цвеќе и паричен подарок во висина од 15.000 денари.

– По синоќешната прекрасна вечер на плоштадот „Магнолија“ каде за битолчани, но и за гостите од државата и странство, музичките ѕвезди приредија вистински спектакл, ова е уште еден најважен, прекрасен момент од нашата традиција – посета на првата родилка и првото новороденче во битолската болница. Се радувам што овој регионален здравствен центар ноќеска имаше мирна ноќ и што на најубав можен начин ја почнавме новата 2016 година, рече меѓу другото Талески.

Тој заедно со новинарите ја посети и специјалната болница за гинекологија и акушерство „Плодност“ каде првото новороденче е машко дете на родители од Охрид.

Би можело да ве интересира

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Во Битола ноќеска беа опожарени „тојота“, „фолксваген пасат“ и „дачиа логан“

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани