Минусни температури во сите региони во Македонија на првиот ден од годината

Од:

Берово е најстудениот град на првиот ден од новата година. УХМР измери – 18 степени во Берово,-16 во Крива Паланка, -15 во Лазарополе, – 14 во Скопје и Маврово, -13 во Пожар, Битола, Прилеп, Куманово, Крушево, -12 во Тополчани, Пожаране, Демир Капија, Струмица, Штип, Виница, -11 во Ѓуриште, Тетово и Претор, -10 во Охрид, -9 во Гевгелија и -7 во Дојран.

Во земјава преовладува сончево и многу студено време со слаб ветер од северен правец. Денеска ќе биде сончево и студено, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од -4 до 6 степени.

Скопје сончево и студено со слаб ветер од променлив правец. Највисоката температура ќе достине до 2 степена.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. Од недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и планините од снег. Врнежите ќе бидат со  променлив интензитет.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски