Времето утре во Македонија ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност која попладне ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од минус 14 до минус пет, а дневната од еден до осум степени.
Во Скопје слично време, сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе се искачи до пет степени.