Обвинетите во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски излегоа од притвор во казнено-поправната установа во Шутка денеска попладне. По излегувањето влегле во такси и се упатиле кон дома. Нивниот притвор е заменет со гаранција на имот и со забрана за напуштање на живеалиштето, а одземени се и нивните патни исправи.
На првобвинетиот и второобвинетиот во овој случај им беше укинат притворот по барање на одбраната, а на предлог на специјалното јавно обвинителство. Нивниот притвор траеше речиси една година. Верушевски беше уапсен на крајот од јануари годинава, а Лазаревски на почетокот од февруари во акцијата „Пуч“.
М.В.