Најстудено во Маврово и Берово -12 степени

Од:

На последниот ден од оваа година најстудено е во Маврово и Берово каде што утринава се измерени -12 степени.

Во Крушево и Ѓуриште измерени се -10 степени, во Пожаране и Крива Паланка -9, во Тополчани -8, во Куманово и Скопје -7, во Виница, Пожар, Демир Капија, Дебар и Прилеп -6, во Тетово, Скопје, Кавадарци, Охрид и Штип -5, во Битола и Струмица -4, во Дојран и Претор -3, а во Гевгелија -2 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето утрово е малку до умерено облачно со слаб а на повисоките места со умерен северен ветер.

Во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и студено со мала облачност во јужните делови од земјата и со слаб до умерен северен ветер поизразен на повисоките места. Температурата ќе биде во интервал од -2 до 5 степени. Во Скопје сончево и студено со слаб до умрен северен ветер. Температура до 3 степени.

Утре ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува.

За време на новогодишната ноќ ќе биде ведро и доста студено (температура од -11 до -3). Утре ќе преовладува сончево и студено време. Во сабота облачноста ќе се зголемува и температурите ќе започнат благо да се покачуваат. Од недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, на пониските места од дожд и снег, а на повисоките од снег, со променлив интензитет.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска