Сончево и студено, новогодишната ноќ до – 11 степени

Од:

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и студено со слаб до умерен северен ветер, а вечер на пречекот на Новата година времето ќе биде ведро и доста студено со температура која ќе се спушти до минус 11 степени.

Минималната температурата ќе биде во интервал од минус осум до еден, а максималната  од минус два до пет степени.

Во Скопје ќе биде сончево и студено со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура минус 4, а дневната ќе достигне до три степени.

Утре ќе преовладува сончево и студено време. Во сабота облачноста ќе се зголемува и температурите ќе започнат благо да се покачуваат.

Од недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, на пониските места од дожд и снег, а на повисоките од снег, со променлив интензитет.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска