Повеќе од милион мигранти пристигнале во Европа преку море во 2015-та

Од:

Повеќе од милион бегалци пристигнале во Европа преку море од почетокот на 2015 година, соопшти денеска УНХЦР.

Повеќе од 80 отсто од нив пристигнале во Грција и тоа најголем дел на островот Лезбос. Околу 844 илјади допатувале во Грција од соседна Турција.

Над 150 илјади пристигнале од Либија преку Средоземното Море во Италија.

Станува збор за најлошата мигрантска криза во Европа од Втората светска војна.

– Во очајничките обиди да стигнат во Европа, голем број мигранти и бегалци се одлучуваат за премин со небезбедни бродови и чамци, наведе УНХЦР.

Во соопштението се додава дека голем број од оние кои се обидуваат да дојдат бегаат од војни, насилство и прогон од својата татковина.

Околу 49 отсто од оние кои го минуваат Медитеранот се од Сирија, а 21 процент се од Авганистан. Бројот на загинатите или исчезнатите на море достигна 3.735.

Би можело да ве интересира

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија