Домбровскис: Следните години еврозоната нема да се проширува

Од:

Следните години не се очекува еврозоната да прими нови членки во услови на намалување на интересот за заедничката европска валута по кризата, изјави заменик-претседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис.

– Следната година не се очекува проширување на еврозоната дури и сите земји-членки да се должни да ја воведат заедничката валута, посочи во интервју за германскиот весник „Велт“, Домровскис, кој е и еврокомесар за еврото и за социјален дијалог.

Од вкупно 28 земји во ЕУ 19 се дел од монетарната унија.

– Пред една земја да ја прифати единствената европска валута, потребно е да биде воспоставен фиксен курс кон еврото. Тој механизам е т.н. чекална за еврозоната. Во моментов таму нема земја-членка, со исклучок на Данска, која е специјален случај и која договори клаузула за исклучување, додаде тој.

Најновите членки на еврозоната се Летонија (2014) и Литванија (2015). Велика Британија и Шведска, кои се дел од ЕУ, не пројавуваат интерес за влезат во еврозоната.

Би можело да ве интересира

Грција е најзадолжена држава во еврозоната

Горан Наумовски

ЕУ е должна 13.272,7 милијарди евра, што е 84 отсто од нејзиниот БДП

Ана Ололовска

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Анализа: Пад во стопанството на Еврозоната втор месец по ред

А1он

Инфлацијата во август достигна 9,1 отсто во земјите од еврозоната

А1он

Потрошувачите во еврозоната очекуваат висока инфлација и послаб економски развој