Раководството на францускиот фудбалски клуб Монпеље донесе одлука оваа сезона да ја заврши со тренерското дуо Паскал Белс – Бруно Мартини.
Тандемот на клупата на Монпеље доаѓа на местото на тренерот Ролан Курбис кој мината недела поднесе оставка.
Белс и досега беше дел од стручниот штаб, ја имаше улогата помошен тренер.
Мартини е поранешен репрезентативец и голман.
Монпеље по 19.кола во Лига 1 се наоѓа на 15.место со 22 бода или пет повеќе од екипите кои се во зоната на испаѓање.