Модерен Дедо Мраз на канадски начин

Од:

Промените на современото живеење не го одминаа ниту популарниот Дедо Мраз на канадскиот шопинг центар „Јоркдејл“.

Модерен Дедо Мраз 2

Имено, оваа година „Јоркдејл“ реши да понуди нешто поинаков Дедо Мраз, кој нема „стомаче“, застарен црвен костум и мали тркалезни очила, туку тренди гардероба, динамичен начин на живот и витка става.

Модерен Дедо Мраз 3

Модерниот Дедо Мраз е дел од кампањата наречена „Фешн Санта“ во која во улогата на „симпатичниот старец“ се јавува манекенот Пол Мејсон, кој позира во облека што може да се купи во продавниците во „Јоркдејл“.

Модерен Дедо Мраз 4

Шопонг центарот најави и дека за секоја „селфи“ фотографија со модерниот Дедо Мраз објавена на социјалните мрежи со хаштагот „#YorkdaleFashionSanta“. ќе донира по еден долар за фондацијата за болни деца „СикКидс“. Според магазионот „Оз“, на овој начин „Јоркдејл“ веќе донирал над 10.000 долари.

Модерен Дедо Мраз 5

Популраноста на модерниот Дедо Мраз отиде до таму што „селфи“ со него објави и пејачот Џастин Бибер.

 Модерен Дедо Мраз 6

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати