Ураганот „Сенди“ кој изминативе денови направи пустош во Њујорк и неговата околина е причината градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг да го откаже познатиот атлетски маратон.
Граѓаните на Њујорк протестираа заради можноста полицајците во недела да го обезбедуваат маратонот, а делови од градот и натаму ги немаат основните потреби.
Тие воедно повикуваа дека не е момент во вакви услови да се одржува маратонот.
Се очекуваше на стартот на маратонот да се појавеа околу 40.000 натпреварувачи од целиот свет, а делот каде требаше да биде стартот на трката (Стејтен Ајленд) е еден со најголеми штети.