ПАСОК го доживеа до сега најголемиот пораз од падот на хунтата во Грција. Нова Демократија победи во цела северна Грција.
До сега најголем пораз и пад на пасок и левицата на северот и центарот на Грција посебно во Македонија и Тракија.
Изборните резултати се веќе познати, предност има Самарас но до правење на влада ќе помине доста време.
Дали е на праг на политичка постизборна криза во Грција или влада сепак ќе има ќе биде познато до крај на неделава.
Во Атина за разлика од големите партии , сите други славеа.
Нечекувани скоро 6,97 % на Криси Авги покажува колку Грција погодена со кризата може да замине доста крајно десно со оваа партија , или лево со Сириза.
Сириза го освои второто место со 52 пратеници после Нова Демократија (108 места). Криси Авги е со 21 пратеничко место додека ПАСОК има 41, а Партијата на слободните Грци 19 , Комунистичката партија 26.
Самарас е пред тешки преговори , едноставно не може во оваа колаиција да ги стави само десните партии па и Криси Авги, заради тоа што Грција би имала уште поголеми проблеми во релациите со ЕУ и САД, па се очекува поголема и мешана композиција.
Мислам дека е и подготвен да го отстапи премиерското место , но не на секого да би успеал да направи коалиција.
Сепак може да дојде до некаква непринципиелна полу-широка коалиција каде би имал доволно пратеници за додворување на Брисел но и менаџеријал на внатрешната ситуација во Грција.
Што се однесува пак на нас и проблемот со името кои го имаат со нас – со вакви изборни резултати сосема е сигурно дека во Грција изборите лошо завршија по нас. Ваква екстремно десна или радикално лева композицја не става во многу лоша преговарачка ситуација. Веќе од Атина доаѓаат сигнали дека преговарачката улога на Адманитос Василакис е скоро неодржлива после ваков исход на настаните.
Даме Чкатроски – уредник на World security for Balkan and Macedonia