Награди за најкративните цртежи на конкурсот на УЈП

Од:

Управата за јавни приходи годинава по шести пат ја организираше програмата за фискална едукација на младите под слоганот „Даноците се лесно четиво, доколку го научиш!“. На објавениот конкурс на тема „Како ја гледате иднината на земјата „со“ или „без“ плаќање даноци“ учествуваа 138 ученици од 43 средни училишта, а денеска беа наградени трите најдобри на ученици од Штип, Крушево и Македонска Каменица.

Наградите ги врачи директорот на УЈП Кирил Миновски, кој рече дека со оваа програма се поттикнува креаитвноста кај младите за тоа што значи да си даночен обврзник, што е значењето на УЈП, политиките…

– Ова е креативна идеја фокусирана на младите кои се се идни даночни обврзници и преку оваа програма се поттикнува креативноста кај младите, рече Миновски.

Една од заложбите е преку проектот „Фискална едукација на млади“ да се допре до најмладите, да ги запознае и информира за даноците и на еден поинаков и поинтересен начин да се влијае на креаирање на позитивна перцепција и повисока даночна свест кај младата популација.

Би можело да ве интересира

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

A1on

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД