(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ да ги тргне канџите од ФК Победа

Од:

„Со назначувањето на поранешниот прв човек на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Гоце Ингилизов, за нов претседател на ФК Победа, политиката на големо влегува во спортот во Прилеп.

Јавноста мора да знае, од кои причини Ингилизов дојде на чело на фудбалската гордост на Прилеп, ФК Победа, особено поради фактот што е доктор и нема никаква историја како спортски работник?

Дали кумовската врска со градоначалникот Марјан Ристески, имаше улога во изборот на Ингилизов за Претседател на клубот“, праша Валентин Божиноски – член на Совет во Општина Прилеп.

„Исто како Груевски и кумот Ставрески, очигледно целото ВРМО-ДПМНЕ функционира по кумско – фамилијарни врски.

Но, дали Гоце Ингилизов ја има поддршката од Управниот Одбор и спонзорите, односно прилепските компании коишто ја помагаат Победа во овие тешки времиња за клубот?

Прилепчани знаат дека во последните 10 години власт на ВМРО-ДПМНЕ, спортот во Прилеп го добре дното.

Најспортскиот град во Македонија, градот кој живееше за фудбалот и редовно продуцираше врвни репрезентативци во сите спортови, денес може само да сонува за дерби и европски натпреварувања.

Што уште е потребно за да конечно ВМРО-ДПМНЕ ги тргне своите канџи од спорот?

Малку ли беше 8 годишната суспензија за Победа, малку ли беше уништувањето на неколку млади генерации фудбалери со казната УЕФА?

Граѓаните на Прилеп, верните поддржувачи на Победа, кои денес се лишени од можноста да гледаат вистински спортски натпревари, никогаш нема да го простат предавството, уништувањето и деградацијата на фудбалскиот бренд на Прилеп“, изјави Валентин Божиноски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДСМ: Цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?