Специјалното јавно обвинителство очекува СДСМ да ги предаде материјалите

Од:

Специјалното јавно обвинителство очекува да му бидат предадени материјалите што ги бара и сите субјекти да започнат активно да соработуваат со нив.

„Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуиникациите ја известува јавноста дека спроведени се тендерски постапки и во тек е преземањето на градежни активности со цел адаптација на просториите каде ова Јавно обвинителство треба да биде сместено.

Во тек е постапка за добивање на безбедносни сертификати за јавните обвинители, при што на дел од обвинителите веќе им се издадени сертификати за работа со класифицирани информации со степен на класификација „Државна тајна“.

Во изминатиот период особен интерес беше изразен за нашето постапување по однос на бараните материјали од СДСМ. Повторно укажуваме дека ние очекуваме материјалите да ни бидат предадени и сите субјекти да започнат активно да соработуваат со ова Јавно обвинителство. Појаснуваме дека соработката со субјектите до кои се обраќаме, без оглед за кого станува збор, е отежната и во оваа насока наш конкретен став за ваквата отежната соработка и мерките кои ќе бидат преземени од наша страна, ќе биде соопштен во средината на јануари.

Сепак и покрај ваквата состојба на отежната соработка, Ве известуваме дека во тек се повеќе предистражни постапки по предметите за кои е воспоставена стварна надлежност и постои известен напредок во истите, но во овој момент не сме во можност да соопштуваме детали, а сето во интерес на истрагата.

Исто така апелираме до сите субјекти да се воздржат од етикетирање на ова Јавно обвинителство и негово ставање во функција на реализација на различни политички и други цели, бидејќи најважно во овој момент е спроведување на независни и професионални истраги, во рамки на кои доследно ќе се почитуваат начелата на тајност на предистражната постапка, објективност и легалитет во постапувањето“, се вели во соопштението на Специјалното јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Експлозија на лет од Крит: Патниците извикуваа „бомба, бомба, бегајте“