Временска прогноза

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој особено ќе биде изразен долж Повардарјето. Магла ќе има, но само по одделни котлини и тоа во утринските часови.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од девет до 16 степени.

Во Скопје слично време, со утринска слаба магла, а преку денот ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла по котлините особено во претпладневните и ноќните часови. И во сабота претпладне ќе дува слаб повремено умерен северен ветер кој ќе ги намали условите за појава на магла.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска