Го укинуваат здравственото осигурување на градежните инженери, а градежните работници истото воопшто го немаат, вели Атанас Трајковски, претставник на Независниот синдикат на градежниците.
– Ми го укинаа здравственото осигурување веднаш штом сфатија дека сум на боловање. Тоа е еден од баналните примери што се прават на градежните инженери, а може да замислите што се случува кај градежните работници. Тие воопшто не се заштитени, има кон нив несоодветен однос.
Трајковски додава дека очекува од надлежните да преземат нешто во врска со оваа група на работници кои немаат речиси никакви права.
Александар Тодески