Ролан Курби, тренерот на францускиот фудбалски прволигаш Монпеље поднесе оставка од функцијата поради вербален судир со сопственикот на клубот Луј Николан.
Односот меѓу нив двајца беше влошен во последните неколку недели, а се заврши со зборовите на тренерот дека е уморен од „сопките“ што му ги прави сопственикот на Монпеље.
Курби на клупата на Монпеље беше од 2013 година, а претходно и во периодот 2007-2009. Работеше и во Бордо, Тулуз, Марсеј, Ленс, Ајачио, Аланија и Сион.
Монпеље во Лига 1 се наоѓа на 15.место со 22 бода, само три повеќе од екипите кои се во зоната на испаѓање.