(ВИДЕО) Иванов: Извештајот на ЕУ е објективен, медиумите се деградирани, поличарите некултурни

Од:

Во својот говор пред пратениците претседателот на државата, Ѓорге Иванов, ги искритикува партии за нивното неодговорно однесување без да навлезе во подробни коментари. Тој посочи дека три кризи ја одбележале изминатата година, политичката, безбедносната и бегалската криза и рече дека постигнатиот договор од Пржино мора да се испочитува.

– Оние кои си презеле обврска треба и да си ја исполнат – рече претседателот.

Иванов изрази разочарување што партиите дозволиле меѓународната заедница да ги решава внатрешните проблеми. Најострата критика до Владата упати кога рече дека е објективен извештајот на ЕУ полн со забелешки за управувањето со државата.

– Извештајот на Европската унија е објективен. Во една реченица дури е посочен коренот на повеќето кризи со кои се соочуваме, а тоа е дека „недостатокот од политички дијалг и тешкотиите при постигнувањето консензус околу прашањата повторно ја истакна политичката култура на поделеност во земјата.“ Исправете ме ако грешам, но политичката култура на поделеност е само елегантно име за политичка некултура – рече тој.

Сведоци сме, рече тој, на деградација во медиумскиот простор, Иванов им порача на медиумите дека треба да бидат ревизот во работењето на институциите.

-Не смеете да дозволите да ви наметнуваат правила и стандарди, да бидете мегдан за партиски препукувања и алатка за остварување нечии интереси. Не смеете да трпите какви било влијанија, како од политичарите, така и од другите моќници. Мора самите да се изборите за најдобрите решенија кои ќе овозможат медиумите да си го врата достоинството и угледот – порача претседателот.

Иванов не спомна ништо за аферата со масовно прислушување, не упати критики за работата на државното обвинителство ниту пак потсети дека поради разнишаниот кредибилитет на републичкото обвинитество беше формирано специјално јавно обвинителство. Во говорот на претседателот немаше место ниту за криминалот и кривичните дела во кој наводно се вмешани високите владини функцинери, а кои не се расчистени речиси цела година откако беа обелоденети.

Опозицијата, рече тој, е исто така одговорна за состојбата во која се наоѓа државата.

-Неодговорното однесување на политичките партии неповолно се одрази и врз евноинтеграцискиот процес. Со нашето неодговорно поведение, додаде, се уште можеме да си ја загрозиме европската перспектива. Пречка за интеграциите веќе не е само наметнатниот проблем со името, туку и проблемот што го имаме со самите себе. За жал и овој пат оставивме тој проблем да ни го решаваат други – посочи претседателот.

Дел од вината за политичката криза Иванов ја префрли на меѓународната заедница која, рече, ја држи Македонија во status quo состојба на прашањето за интеграциите.

Минуваме низ три кризи, подвлече претседатело и додаде дека сега не е време за обвинување, туку за обединување.

-Не е време за тесно-партиско препукување, туку за одговорно однесување. Од сите овие кризи и закани неопходно е да излеземе како држава во која институциите не создаваат, туку ги решаваат проблемите на граѓаните. Држава во која владеат законите, а не алчноста на поединците, во која правото важи еднакво за сите, држава на правда и поредок во која ќе се врати довербата на граѓаните во судството – рече тој.

Безбедноста криза ја посочи како резултат на политичката и зборуваше за настаните во Куманово. Во нашиот регион, рече тој, се уште не е искоренет стариот етнички мотивиран насилен екстремиза. На Македонија, додаде, и се заканува опасност од екстремизам и радикализам, од регионални екстремни групи кои се стремат кон промена на границите за остварување на големо националистички идеи.

Вооружената група од кумановско Диво насеље, Иванов рече дека сакала да го наруши територијалниот интегритет и да ја дестабилизира државата.

-Долго време предупредував на оваа опасност. Уште на почетокот на годината побаравме помош од 17 партнерски служби на земијите од Европската унија, НАТО и земјите од регионот. За жал размената на информации, со цел да се изврши превенција на намерите на групата, не даде резултат. Бевме оставени сами на себе. Граѓаните треба да знаат дека со акцијата во Куманово спечивме извршување на координирани теротистички напади низ повеќе градови во Македонија. Спречивме масакри и крвопролевања какви што неодамна видовме во Париз – рече Иванов.

Најголемиот дел од својот говор Иванов го посвети на бегалската криза и ја обвини меѓународната заедница дека недоволно и помага на Македонија, но дека и покрај тоа државата успешно се справува со последиците.

На крај Иванов упати апел дека изборите во 2016 година мора да бидат спроведени без грешка, одговорно и достоинствено.

-Не е само важно кој ќе бидат избран, туку и како тоа ќе се спроведе – рече тој.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски