Индонезија пред празниците ангажира 150.000 дополнителни полицајци

Од:

Во 256 милионската Индонезија, претежно населена со муслимани, за редот и сигурноста за време на претстојниот Божик и новогодишните празници, покрај редовните, ќе се грижат и 150.000 полицајци од резервниот состав. Зголемувањето на степенот на безбедноста доаѓа по откривањето на неколку групи екстремни радикали, во чија комуникација, покрај другото, имало планови за подметнување експлозив на места каде што се собираат поголеми групи луѓе.

За време на минатиот викенд антитерористичките единици уапсиле седум екстремисти, меѓу кои и еден од водачите на движењето Џемаах Исламијах Абдул Карим. Оваа група се претставува како крило на Ал Каеда во југоисточна Азија.

Абдул Карим, познат и како Абу Јунди е специјалиста за изработка и поставување на експлозив. Полицијата го сомничи и за учество во подметнувањето експлозив во неколку хотели на островот Бали, во 2.002 година, кога беа убиени 210 лица, претежно странски туристи.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници