Тодоров ќе ја преживееш интерпелацијата, знам!
Заслужуваш:
1.Заради секој уништен човечки живот
2.Заради секое уништено лекарско достоинство
3.Заради секоја незагреана просторија
4.Заради секој некадар кадровик, ги имаш ти и пијани и преамбициозни за сликање и слава, и ненадоградени ама послушни.
5. Заради членовите на судот на не/честта
И, ќе заборавев, поздрави го Никола и` кажи му дека го доуништивте системот во здравството и дека повторно ќе ги бранам лекарите, со сите нивни разбриливи недостатоци. Ќе бидам на браникот на вистината со мојата стручна надоградба, која се однесува токму на здравствениот менаџмент.
Нема да полемизирам со вас работи кои не` ги разбирате, но, не` ви велам збогум како порано. Туку одговорност Тодоров, одговорност Никола…
Министре, со најголема бројка на смртност, батали политика, батали медицина.Ги девалвира и двете професии кои уште во античко време се сметале за благородни. Остави го и каратето или теквондото,сеедно, и тие се племенити вештини, неплеменит еден…..
Сепак, искрено ти посакувам многу работи да не ги доживееш, претешки се` за твоите плеќи и пресилни за твоето зајачко срце.Каратисту на лекарите и пациентите, реформатору на пушачите во здравството. Јас знам зошто ми е професија и ќе ми биде политика, но зарем ти знаеш зошто си овде? И, не ми банализирај со реченици од типот: “Да не мешаме полтика”, кога во вакво општествено уредување таа е креатор на не/системот односно животот.
Дејан Блажески