(ВИДЕО) Заев: Каков „Пуч“ кога е договорена и техничка влада и предвремени избори?!

Од:

Она што е опишано како насилство врз премирот, Никола Груевски, во процесот познат како „Пуч“ е веќе остварено, постигнат е договор за техничка влада, како и за предвремени парламентарни избори, затоа случајот за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е доведен до апсурд.

И покрај тоа тој денеска се појави на закажаната главна расправа и рече дека со тоа си останал на зборот. Заев изјавуваше дека ќе се одговори на судските покани само откако предметот ќе го преземе специјалното јавно обвинителство.

– Денеска на ова судење се појавивме затоа што си стоиме на зборот. Важно е што специјалното јавно обвинителство, како независна институција, вроди надеж за сите граѓани на Македонија дека се враќа процесот на вистината и на правдата. Верувам дека постојт чесни професионалци во правосудниот систем кои ќе ја враќаат правдата, вистината, слободата и демократијата. Убеден сум дека токму тие професионалци ќе бидат исправени пред историскиот момент пред кој е исправена нашата земја. Македонија е тргната кон промена, незаприлив е процесот на враќање на правдата, слободата, демократијата и вистината. Незаприлив е процесот на промени – изјави Заев откако судот го одложи рочиштето затоа што не беше присутен јавен обвинител.

Заев изјави дека очекува правда, дека не бара предметот да се повлече, туку да се отвори до крај.

– Нема странски служби за шпионажа, не е остварено насилство врз премиерот, договорени се предвремени избори, договорена е техничка влада. Тоа беа индикациите за насилство врз претставници на високи државни институции. Бараме предметот да се отвори до крај, да се испишат учебници во Македонија, да се испрати порака дека правда е достижна, не само за Заев, туку за сите граѓани – рече тој.

На прашањето кога ќе ги предаде материјалите од прислушуваните разговори во обвинителството на Катица Јанева, Заев одговори кога ќе се создадат услови за тоа.

– Само јас знам што треба за чување на тие материјли, 11 месеци сум ги чувал поради доверливата природа. Јас сум совесен носител на вакви информации кои задираат во приватната и интимната природа на огромен број на граѓани, штом ќе бидат обезбедени условите за чување на тие материјали, како совесен имател материјалите ќе бидат предадени – рече тој.

Што се однесува до аферата со лични карти, лидерот на опозицијата изјави дека власта преку провладините медиуми се обидува да ги изврти фактите и да ја обвини опозицијата.

– СДСМ очекува од МВР, Обвинителството и судот да ја истера истрагата до крај. Не би сакал да отворам дилеми, но преку владините медиуми власта се обидува да ги извитопери сите факти. Во еден момент кажуваат дека овие лични карти не се употребени за избори, за денеска да ја обвинуваат опозицијата. Треба да се разграничи што се тоа фалсификувани лични карти предададени на крајни корисници, што се тоа фалсификувани лични карти предадени преку „Фокус“ и пријавени во МВР за отворање на истрага. Зошто после една и пол година, по изборите, да се отвори истрага? Оставам на целосна истрага за да се даде на крај одговор на прашањата кој, зошто, со каква намера и за која потреба фалсификувал лични карти – посочи тој.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска