Пред фактите и Боговите молчат, а воловите?

Од:

Секако дека се замислив кога видов што се случуваше досега во Здравството, што ќе се случува и дали ќе треба се уште немо да се гледа на тоа или веќе дојде време да се стори нешто зошто не ќе ни е баш на арно. Ама кажале дека само со факти е чесно да се спротиставиш некому кој мислиш дека греши и дека пред фактите молчат и боговите. Е па да тргнеме по ред.

„Мора да има одговорност за системот кој убива, наместо да лечи! Да му кажеме на министерот „Смрт“ дека дојде времето да ја понесе одговорноста и самиот да си замине од оваа одговорна функција. Воедно, сакаме да ги охрабриме и пратениците од власта да гласаат за оваа интерпелација со што ќе спречат нови жртви во здравството и ќе покажат дека навистина се залагаат за едно модерно и ефикасно здравство.”

– Па ова го прочитав на социјалниве мрежи , дали е ова возможно ,закажани граѓански протести против министер. Дали навистина ни се случува нам ова? Модерно општество ? Секоја чест?

Па добро драг мој народе навистина ли мислите дека ќе има оставка? Па ајде вака да тргнеме со овој редослед на нештата.

Протести против овој министер имаше многу, социјалните мрежи собраа поддршки безброј, народ напатен излезе се назборе до недоглед, мајки на деца кои починаа и претрпееа губитоци на своето најмило не вродија со никаков плод, уметници и борци за човекови права изнесоа и произнесо се со факти и потврди за сите сторени БУРЛЕСКИ и пак повторно ништо. Па знаете ли вие на кој се обраќате? Очигледно НЕ.

Кога сме кај фактите ќе се потрудам да изнесам само еден мал дел што се се случува во ова наше моментално деструирано здравство кое дојде на ова дереџе благодарение на така наречените ИЛУЗИОНИСТИ ,кои за жал каде влегоа помор направија или да искажам една трагикомична претстава како СЛОН во порцелански дуќан. Катастрофа.

Ќе започнам од мојата сакана фела ЛЕКАРСКАТА која е доведена на работ од своето постоење во Македонија , се пука во нас ,се плука не изнесуваат пред ѕидот на срамот, се приведуваат, се претставуваат како криминалци, не местат прават местенки за да не деградираат и доведат до самото ДНО, па добро зар не се свесни дека без лекари нема здраво општество ? Масовно белиот мантил се иселува, над 1000 лекари приближно веќе имаат заминато од државата и исто така голема бројка се спрема да замине , учат јазици полагаат дури и испити само да си заминат бидејќи овде очигледно не гледаат иднина.Просечна старост на матичните лекари е 58 години имаме најстари матични лекари се е тоа заради лошите реформи во примарното здравство.

Пред две години кажаа дека ќе се врати матичниот педијатар да си работи со дециња, а не да се дозволи и општ лекар тоа да го прави па после Клиниката била полна пациенти па ќе е пак лоша реформа. Процентот на перинаталниот морталитет за овие години рапидно се зголеми па сега дури имаме 14 умрени бебиња на 1000 новородени . Смртни случаи на мајки со се новородени . Смрта на Тамара и уште неколку беа доволен доказ колку се грижат за обичните граѓани .Популистички моменти кои се дегутантни, се отвараат болници без технички прием, без употребни дозволи.Најавените инвестиции за нов клинички центар 70 милиони еура завршува со фијаско со една празна дупка која е сеа собиралиште на жаби и отпад.

Апаратурата стои по ходниците и не е ставена во функција. Монтирање на нефункционална опрема во неприспособени простории. Едукација на стручни кадри излезе како комедијански момент и го нарекоа “едукативен забавен медицински туризам” на кој се праќаат само послушници и поданици.

Долгот кон добавувачите во здравството помина над 52 милиони а некнижен и се движи од 70-100 милиони евра, директорите молат телефонски и по маилови да не бидат тужени и ако може на реверс да им се испратат потребните материјали за работа, МИЗЕРНО. Тендери за блиските им фирми да не им спомнувам името веќе народот ги знае ,тендери без очет и со однапред утврдени спецификаации и цени, а квалитет нула.

Направија фирмите да станат донатори во права смисла на зборот бидејќи плаќањата се на 1 до 3 години , кај го има ова? Фирмата го набавува плаќа однапред и го донира на некој суптилен начин измислен само од некој многу “УМЕН” Се дозволи паралелен увоз , големите светски познати фирми си заминаа од кај нас како да сме Сомалија, ама здравствена Сомалија, народот е лажен дека има најевтин лек, всушност не е така, плаќаме најскап евтин лек, доплата си постои пак ги исцрпеа фирмите и ги донесоа на раб на пропаст а ги стимулираат нивните .Нееднаквост во прераспределените квоти се со цел форсирање пак на нив блиски, а може и нивни аптекарски ланци.

Дијализата ја ставија во приватни раце на нивни фирми и тие го земаа целиот колач. Економски директори, знаете ли колку пари тежат тие годишно и се 60, а се тотални непознавачи на работата и служат како украс на парафот и листот, сите се партиски војници до еден. Игрите со инсулините , хормонот за раст, гливекот, цитостатиците и ред други бурлески што ги поставија во овој дел на работењето покажаа со колкав недостаток и проблем се одразија на пациентите и што ќе трпат за извесен период тие луѓе. Овие години се најмачните и најтешките години за здравството и сите што работат и функционираат во него тотален пекол, пукање по сите шевови.

Е уште се што може да се наброи, но ќе нема крај никаков очет не е даден бидејќи се сами креираа и никого не консултираа, а сакаа послушници и климачи на глави, ова не е видео игра овде се работи за човечки животи. Лекарски речено Ad Finem. На самиот крај ова погоре пишаното е само мал дел од фактите пред кои молчат Боговите, а за другите не знам дали ќе молчат или ќе си покажуваат роговите.

Д-р. Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска