Со натпреварот меѓу Ница и Монпеље ќе стартува 19.коло од француската Лига 1 (последно од првиот дел од шампионатот). Ница се наоѓа на 5.место на табелата, но на последните четири натпревари е без победа и има освоено само два бода. Монпеље пак е на 13.место и на последните пет натпревари има само еден пораз и 10 освоени бодови.
На другите дуели од оваа рунда двојките се: Каен – ПСЖ, Бастија – Ремс, Генгамп – Рен, Лориен – Нант, Тулуз – Лил, Троа – Монако (сабота), Сент Етиен – Анже, Ајачио – Олимпик Лион и Бордо – Олимпик Марсеј (недела).
Табела: ПСЖ 48 бодови, Анже 31, Монако 31, Каен 30, Ница 26, Олимпик Лион 26, Сент Етиен 26, Лориен 25,…