Министерот за финансии, Зоран Ставрески, не одговори зошто побарал да биде затворена за јавноста седницата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето каде ќе биде испрашуван.
Ставрески одговори само дека ја искористил можноста која му е овозможена согласно Деловникот за работа на Комисијата и согласно одлуката за нејзино формирање, а која предвидува седниците да се затворат доколку се изнесуваат класифицирани информации или доколку побара сведокот.
Откако даде изјава пред салата Ставрески се врати назад. Се уште не беа дојдени пратениците од опозицијата, а медиумите беа внатре во салата.
Маја Васева