Сончево со умерена облачност

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Повеќе облачност ќе има во јужните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од четири до девет степени.

Во Скопје, слично време, наутро со намалена видливост, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до пет степени.

Во наредните денови ќе преовладува тивко и стабилно време. За време на викендот наутро ќе има магла, а во текот на денот дневните температури ќе бидат во благ пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски