Тајванската компанија ХТЦ соошти дека корисниците на нејзините веќе продадени мобилни телефони од актуелната генерација, ќе можат да ги унапредат своите апарти со Андроид 6.0.
Компанијата објави и распоред за ажурирање на уредите од кој се гледа дека најголем број телефони ќе можат да бидат надградени во текот на 2016 година и тоа во првиот или вториот квартал.
Целокупниот план за надоградба изгледа вака:
– HTC One M8: Android 6.0 – ажурирањето е во тек;
– HTC One M9: Android 6.0 – кон крајот на декември 2015; а 6.0.1 – во првиот квартал од 2016 година;
– HTC One A9: Android 6.0.1 – на почетокот на првиот квартал од 2016 година;
– HTC One E8, One M9+, ME, Supreme: Android 6.0 – во првиот квартал од 2016 година;
– HTC Butterfly 3: Android 6.0.1 – во првиот квартал од 2016 година;
– HTC One M8s, Desire 816, Desire 526: Android 6.0 – во вториот квартал од 2016 година;
– HTC Butterfly 2, Desire 826, Desire 820, Desire 626: 6.0.1 – во вториот квартал од 2016 година;
– HTC Desire Eye: 6.0.1 – во фаза на одобрување; и
– HTC One M7: Не добива Андроид 6.0 ажурирање.
Компанијата нагласува дека е можно ажурирањето со Андроид 6.0 на некои од овие телефони да стигне и порано од најавеното.
Во секој случај, се очекува најголем број од ХТЦ телефоните да бидат ажурирани пред јули идната година.