Отфрлени 10.000 амандмани на ДУИ, остануваат 15.451

Од:

Законот за бранители , повторно е во Собранието. Почнува расправата во Комисијата за труд и социјална комисија. Од поднесените илјадници амандмани на ДУИ, вратени се 10.000 амандмани. Останува ДУИ да го брани законот со „само“ 15.451 амандмани.

Уште десет илјади амандмани вчера попладне ДУИ достави до Собранието, но тие не беа примени бидејќи, како што информираат од Собранието, рокот за доставување на амандмани е поминат. Пратеничката група на ДУИ била известена дека рокот за поднесување амандмани завршува на 1 ноември до 11 часот согласно поканата на матичното работно тело Комисијата за труд и социјална политика.

„ Имајќи го предвид член 151 став 2 од Деловникот во кој е утврдено дека на предлог на закон кој се предлага да биде донесен во скратена постапка, амандман може да се поднесе до почеток на седницата за второ читање на предлогот на законот, со усвојувањето на дневниот ред, односно со отпочнувањето на седницата на Законодавно правната комисија по оваа точка е изминат рокот за поднесување на амандамни од овластени предлагачи, се наведува во дописот што Собранието го упатило до пратеничката група на ДУИ.

Предлог законот за посебните права на бранителите повторно влезе во собраниска процедура откако пратениците во рамки на утврдувањето на дневниот ред на 45. седница гласаа тој да се разгледува по скратена постапка.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ, како поднесувач на законот, го повлече текстот од редовна постапка со цел да ја одблокира работата на Комисијата за труд и социјална политика. ДУИ ја блокира работата на Комисијата бидејќи смета дека законот е дискриминирачки и треба да ги опфати двете страни во конфликтот во 2001 година.

Би можело да ве интересира

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања