Заврши лидерската средба во Клуб на пратеници со договор за експертскиот тим на Државната изборна комисија.
Партиските претседатели се договорил трите празни места во ДИК да ги пополнат експертите Урумов, Прекопуца и Чичаковски. За сега нема информации дали е постигнат договор за решенија во медиумската сфера.
Партиските лидери си заминаа од Клуб на пратеници без да дадат изјави за медиумите. Новинарите се известени дека дополнително ќе им биде пратено официјално соопштение. Средбата почна нешто по 15.00 часот.
Александар Чичаковски е роден во 06.08.1980, магистер е на правни науки од Скопје.
Реџеп Прекопуца е роден на 15.02.1970, дипломиран професор по албански јазик од Арачиново и магистер по применета политика и менаџмент.
Атанас Урумов е роден на 05.09.1974 година, дипломиран политиколог и дипломиран правник од Гевгелија.
Еден од експертите ќе биде претседател на ДИК, а еден ќе биде замник претседател.