Штетата од пожарите во Индонезија над 15,7 милијарди долари

Од:

ите штети од големите пожари во Индонезија што го зафатија архипелагот од јуни до октомври изнесуваат 15,73 милијарди долари. Во пожарите е уништен растителниот свет на 2,6 милиони хектари, а облаците чад што допреа до Сингапур и Малезија, како и во делови на Тајланд и Филипините го загрозија здравјето на речиси 4 милиони лица.

Најголеми пожари и штети биле регистрирани на островот Калимантан, а лошо поминаа и прашумите и насадите на Суматра и во Папуа. Страдаше и провинцијата Ачех, позната по најголемото забележано цунами до сега. За отклонување на последиците од цунамито Индонезија од 2004 до лани потроши девет милијарди долари.

Поради регистрираните околу 100.000 пожари, предизвикани од човечка негрижа и големата употреба на фосилни горива во индустријата и домаќинствата, Индонезија е на врвот на глобалните загадувачи на атмосферата. Поради огромниот „придонес“ на Индонезија во зголемувањето на ефектите на „стаклената градина“, индонезиската 450-члена делегација, на чело со претседателот Јоко Видодо беше поатрактивниот дел од делагациите на светскиот собир за климатски промени во Париз.

Претседателот Видодо на 1 декември објави декларација за мораториум на издавање на лиценци за нови плантажи на палми и изградба на стотици илјади километри канали во кои ќе има вода за прва интервенција при појава на првите знаци за пожар. Обидите да се обезбедат чисти површини за нови насади на се попрофитабилните насади со палми се основната причина за огромниот број годинава, но и порано, а 2.015 беше со катастрофални последици и поради долготрајната суша.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници