На дуелите од 18. коло од француската Лига 1 одиграни синоќа победи постигнаа само екипите на Лил и на Монпеље. И двата тима ја искористија предноста на домашен терен и ги совладаа Лориен, односно Генгамп.
На другите завршени натпревари од оваа рунда резултатот беше идентичен 1:1.
Резултати од 18.коло: Лил – Лориен 3:0, Монпеље – Генгамп 2:1, Нант – Тулуз 1:1, Троа Бастија 1:1, Ремс – Ница 1:1 и Рен – Каен 1:1.
Денеска се играат четири натпревари: Монако – Сент Етиен, Анже – Бордо, Олимпик Марсеј – Ајачио и ПСЖ – Олимпик Лион.
Табела: ПСЖ 45 бодови, Анже 30, Каен 30, Монако 28, Ница 26, Олимпик Лион 26, Сент Етиен 26,…