Американскиот претседател Барак Обама ја поздрави Париската спогодба за климата, оценувајќи ја за силна и историска, во говорот во Белата куќа веднаш по нејзиното усвојување.
Обама смета дека спогодбата е најдобрата шанса за спас на планетата од последиците на глобалните промени на климата, пренесоа британските медиуми.
-Денеска американскиот народ може да биде горд затоа што оваа историска спогодба е признание за американското лидерство. Во текот на последните седум години САД ја претворивме во глобален лидер во борбата за менување на климата, посочи Обама.
Тој изјави дека оваа спогодба покажува какви можности има кога светот е единствен.
-Спогодбата е нашата најдобра шанса да ја спасиме планетата која ја имаме, додаде тој.