МЗТ Скопје Аеродром ја прекина серијата порази во АБА лигата

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва со победата 81:62 над Олимпија ја прекина серијата од шест порази во ова натпреварување. Кошаркарите на МЗТ Скопје се радуваа на триумф првпат во АБА лигата по 25. октомври.

По четвртини резултатот беше: 17:14, 21:10, 23:14 и 20:24. Најефикасен на натпреварот беше Дамјан Стојановски со 20 поени.

На вчера одиграниот дуел од 14.коло Сутјеска – Тајфун 51:60, а вечерва од 21 часот играат: Крка – Будуќност.

Утре играат: Цибона – Задар, Игокеа – Цедевита, Партизан – Металац, а во понеделник е дуелот Мега – Црвена Звезда.

Табела: Будуќност 11-2 (победи-порази), Црвена Звезда 10-3, Цедевита 10-3, Мега 9-4, Тајфун 7-7, Задар 7-6, Олимпија 6-8, Крка 6-7, МЗТ Скопје А. 5-9, Игокеа 5-8, Партизан 5-8, Металац 5-8, Сутјеска 4-10 и Цибона 4-9.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска